Евроомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеи, денеска пак во посета на Бугарија и Македонија за да разговараат со властите на двете земји на теми поврзани со процесот на проширување на ЕУ.
Тој ќе биде придружуван од португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Сантош Силва, од земјта која од есен го презема претседателството со ЕУ.
Тие претпладнево во Софија ќе се сретнат со претседателот Румен Радев, како и со премиерот и со министерот за надворешни работи во новата влада, а попладне во Скопје со претседателот Стево Пендаровски, како и со премиерот Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот на владата и со министерот за надворешни работи, стои во најавата од Делегацијата на ЕУ во Скопје.







