На новинарско прашање за проблемот помеѓу Македонија и Бугарија, еврокомесарот Оливер Вархеји, на денешната прес-конференција со премиерот Зоран Заев оцени дека во интерес и на Бугарија и на Македонија е да најдат решение за прашањата без да се рашират недоразбирањата.



„Мислам дека ова е моментот да се постигне договор. Јас гледам спремност кај двајцата премиери и се надевам дека ќе успеат да најдат решение. Ако можеме ние да помогнеме, тогаш ќе помогнеме. Јас не би драматизирал многу околу прашањето, но сепак, тоа е сериозно прашање“, рече Вархеји.

Еврокомесарот вели дека било многу важно да дојде во Скопје и да ги соопшти добрите вести.

– Ангажирани сме да го зајакнеме проширувањето со тоа што пред сè имаме нова методологија. Второ, постигнуваме договор со другите земји-членки за почеток на прегоорите со вашата земја. И трето, многу важна ногарка на столчето е инвестицискиот и економскиот план. Тоа може да биде поттик за економијата во Западен Балкан, како и за заздравување од кризата. Мислам дека ЕУ е многу важна за Северна македонија, но и за целиот регион. Се обидовме да ги чуеме сите идеи за тоа во кои области може најмногу да се придонесе за заздравување на економијата на брз начин. Тоа што го гледате е резултат на нашата мала анкета и она што ние го имаме е понуда за вашата земја. Треба да видиме дека се работи на борбата против корупцијата, владеењето на правото и сите закони, во судството, во јавното обвинителство. Потребно е да видиме резултати за да можеме и ние да ја презентираме вашата посветеност пред другите земји-членки на ЕУ“, пренее Плусинфо.