Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји му се заблагодари на лидерот на опозициската партија ГЕРБ , Бојко Борисов за историската одлука да го поддржи францускиот предлог.
Борисов му дава пратеници на Петков за да помине францускиот предлог
„ Му благодариме на лидерот на опозициската ГЕРБ, Бојко Борисов, за историската одлука што ја донесе за Европа и Македонија – усвојувањето на преговорите врз основа на францускиот предлог, кој овозможува продолжување и отворање на преговорите со Македонија.
Очекуваме владата да го направи она што е неопходно да помине низ парламентот денеска за да може Европа да оди напред“, напиша Вархеји веднаш откако Бојко Борисов објави дека ГЕРБ изразува целосна поддршка за предлогот.







