Од Град Скопје информираа дека ракометарите на Вардар
ќе слетаат на скопскиот аеродром доцна попладнево во 18:50 часот, пишува порталот „Екипа“.



Претхоодно беше соопштено дека же слетаат по 16 часот.

Град Скопје за ракометарите обезбеди чартер лет за кој од буџетот ќе бидат одвоени 39.500 евра. 

Веднаш по пристигнувањето на плоштадот Македонија ќе се организира дочек на ракометарите за што се одвоени 2 милиони денари од буџетот на Градот, дознава порталот.