Вардарци и „Комити“ како едно во „Ланксес арена“ (ВИДЕО)

Неизмерна беше радоста меѓу ракометарите на Вардар и нивните навивачи на трибините на „Ланксес арена“ по величествениот триумф над Барселона во полуфиналето на Лига на шампиони.



По завршувањето на натпреварот играчите ја споделија еуфоријата со своите симпатизери, заблагодарувајќи им се што не престанаа да ги бодрат и кога губеа со седум гола разлика.

„Комитите“, пак, не го криеја одушевувањето од спектакуларниот пресврт против топ-фаворитот во Келн и реваншот за двата пораза во групната фаза од најтрофејниот европски ракометен колектив.

https://www.facebook.com/rkvardar/videos/2386801891532852/