Ракометарите на Вардар изгубија со 30:22 во Порто и му го отстапија петтото место во групата Б од Лигата на шампионите.



Пред последното коло и реваншот со Монпелје в сабота од 17:30 часот во арената „Јане Сандански“ бранителот на европската круна е шести со 11 бода, еден помалку од португалскиот првак.

„Црвено-црните“ беа рамноправни во првото полувреме, благодарејќи на извонредниот Марко Кизиќ на голот и неговите осум одбрани, но во почетокот на вториот дел дозволија серија од 7:1 за домаќинот и тука падна одлуката за победникот во мечот.

Вардаровото десно крило Данил Шишкарев беше прв стрелец на мечот со седум гола од девет обиди. Скубе, Калараш и Дибиров постигнаа по три погодоци, Горбок и капитенот Стоилов по два, а Де Толедо и Чупиќ по еден.