Ракометарите на Вардар во осминафиналето од Лигата на шампионите ќе играат со Веспрем, откако во последниот натпревар од групната фаза загубија и дома од Мешков Брест со 36:32 и завршија претпоследни во групата А.
Двократниот европски првак беше рамноправен само до 5:5, по што гостите од Белорусија со четири гола без одговор се „одлепија“ и на полувреме заминаа со водство од 20:12, со што и го решија прашањето за победникот.
Тимур Дибиров со 9/14 беше прво име во нападот на македонскиот шампион, за кој Анте Гаџа оствари ефект 7/10, но на спротивната страна незапирлив беше Микита Вајлупов со 12/12.






