Со победата над Татран Прешов од 28:26 во последниот натпревар пред своите гледачи годинава, ракометарите на Вардар и теоретски ќе останат први во групата А од СЕХА-лигата.
Тоа не може да го смени гостувањето кај Нексе в недела од 17 часот поради подобрата гол-разлика на бранителот на регионалната титулата од најблискиот конкурент Мотор од Запорожје.
Осмата победа во деветтиот меч сезонава во ова натпреварување беше изборена со многу подобрата игра во второто полувреме, посебно во одбраната, откако првото го добија гостите од Словачка со 17:13.
За пресвртот придонесе и голманот Гедбан со осумте одбрани во вториот дел, а во нападот се издвоија Атман, Чупиќ и Шишкарев со по пет гола.





