Вардар декласиран од Веспрем и, практично, елиминиран од Лигата на шампионите

Осминафиналето најверојатно ќе биде последната етапа од настапот на ракометарите на Вардар во Лигата на шампионите сезонава по убедливиот пораз од 30:22 против Веспрем во Скопје, па реваншот во Унгарија се чини дека ќе биде само формалност.



Двократниот европски првак подобро го отвори натпреварот и по 20 минути игра водеше со 9:7, но гостите ги консолидираа редовите и на одморот заминаа со предност од 15:11, и покрај расположениот Филип Талески, кој првото полувреме го заврши со ефект 6/8.

На средина од вториот дел веќе беше 23:13 за Веспрем и тука заврши приказната и околу победникот, а по сè изгледа и околу патникот во четвртфиналето.

Талески остана на шесте гола од првите 30 минути, а толку пати противничката мрежа ја погоди и Тимур Дибиров.