Практично непостоечката одбрана, за која зборуваат примените 36 гола, наспроти даденитe 29, заедно со само трите (!) голмански одбрани, ги чинеше ракометарите на Вардар нов пораз од Кјељце и во Полска во Лигата на шампионите.
Исто како пред една седмица во Скопје, европскиот првак подобро го отвори натпреварот и поведе со 5:2, но брзо влезе во лош ритам и до крајот на средбата не се врати во игра за подобар резултат.
Во расштимуваниот „црвено-црн“ оркестар над сивилото во нападот беа само Тимур Дибиров со седум гола од исто толку обиди, и Ловро Јотиќ со 6/8.
Со три бода од одиграните пет меча, составот на Стевче Алушовски е на последната позиција што води во осминафиналето пред гостувањето во Порто на 3 декември.






