„Инцидентот со министерот и митрополитот ја разбранува јавноста. Но, оваа хистерија не ја разбирам во контекст на молкот кон јавното и антидржавно дејствување на Партениј од Св. Јован Бигорски. Митрополитот Агатангел не ги криел своите политички преференци, ама е Македонец. Партениј не ги крие своите пробугарски чувства и ‘образовна дејност’ во храм, во кој сите одиме со голема љубов и почит. Бидејќи корените ми се од тој дел на Македонија, ова ми паѓа многу тешко, и почнувам да го одминувам манастирот, чии свештеници не само што се мешаа во надворешната политика на земјата (ја поздравија Преспа и промената на името), туку сега (според ТВ сведочења) на новооосознаени Блгари, ја ширеле и ‘вистината за нашите бугарски корени’. – пишува професорката Билјана Ванковска во својата објава на фејсбук.
Таа дополнува: „Овде веќе не се знае каде почнува и каде завршува државата, партијата, црквата, нацијата… Македонија како поле на странски и непријателски пропаганди од сите страни е сардисана. Го заборавив оној од Струмица, духовниот татко’ на Зоран Заев, кој, исто така, се мешаше во државна политика и протоколи. Да, и поповите кои учествуваа во преспанската пропагандна програма во пресрет на референдумот од 30 септември.“
Инаку, владиката Партениј можеби најјасно ги искажа своите пробугарски ставови во интервјуто на порталот „Фактор.бг“ објавено во август 2017 година на интернет – страницата на „Бигорскиот манастир“ под наслов „ Бугарите и Македонците се браќa, имаат општа цивилизациска лулка“. Посебно нагласувајќи дека „Бугарската Езархије е наша Мајка“, во тоа интервју Партениј одушевено го поздрави и „Договорот за добрососедство со Бугарија“, веднаш по потпишувањето на тој акт, со зборовите: „Кога овој природен и долгоочекуван Договор беше потпишан, ние веднаш нелицемерно го поздравивме. Поддржуваме еден општествено многу важен договор.“
Потоа во интервјуто за „Фактор.бг“, Партениј, меѓу другото ќе истакне: „Да ја пазиме нашата заедничка христоцентрична историја. Од нашата општа цивилизациска лулка до денес се издвоиле нашите два братски народа, македонскиот и бугарскиот, секој со своите национални посебности. Заедничката историја и посебното национално чувство денес треба подеднакво да се почитуваат од двете страни.“





