Ванковска: Заев со еден потег сака да убие два зајака

Професорката Билјана Ванковска на Фесбук дава свое видување на понидата на Заев најголемата македонска опозициска партија за формирање- заедничка влада:



„Човекот што триумфално излезе од “својот” парламент сега дава некаква понуда за влада со ДПМНЕ, која не би била техничка (всушност, за техничка влада нема ни формално-правни претпоставки).

Итрецов (сам или подучен од надвор) сака да улови два зајака со еден куршум (а и тој Зајак): да помогне во внатрешниот преврат што му се спрема на Мицковски, и второ (поважно): да обезбеди функционален парламент и влада на “национален спас” во време кога ќе треба да прави огромни и болни отстапки пред Софија.

Видов дека некои виделе паметен потез на ЗЗ во (демек) јакнење на националните позиции и премостување на антагонизмот. За жал не е така! Ако и успее да направи ваква влада, тоа ќе биде за да не мора на ситно да купува пратеници како за Преспанскиот во 2019.

Јас сум длабоко уверена дека ДПМНЕ е заложник на определбите за ЕУ, што автоматски го прави соучесник во новата епизода на национален инженеринг“, напиша Ванковска на Фејсбук.