Ванковска за примитивизмот и политичката култура

„Мисли дека е духовит и паметен, а всушност е обичен мизогин/женомрзец и партиски војник. Ѓорѓи Спасов роден 1949 година, професор и можеби дедо…“ реагира професорката Биљана Ванковска на статусот на Фејсбук на професорот и поранешниот македонски амбасадор Ѓорѓи Спасов.



„Да се прашувам јас, со гордост би ја пеела оваа песна: бидејќи сум горда на сите храбри жени и баби во нашата историја! Убавина и благослов е да бидеш баба (Сиљановска уште не е, но едвај чека да стане).

Инаку, дали овој професоров би рекол дека Меркел е баба (65) и Трамп (72) е дедо? Ова е само уште еден доказ за примитивната политичка култура кај оние кои се сметаат за прогресивци!“ – пишува Ванковска.