Професорката Билјана Ванковска ќе пукне од гнев, како што вели, од интервјуто на премиерот Димитар Ковачевски за телевизијата Канал 5, во кое претседателот на Владата даваше точни одговори, но на погрешни прашања…
„За него владеење на правото е важно само кога им се во прашање платите! Ќе се држат до ова законско решение (и одлука на Уставен суд) додека им чини (за навек). ‘Бехтел и Енка’ е над Законот. И Уставот.
Ти го прашуваш за 78 отсто зголемување на неговата плата, тој се фали со зголемување на минималецот!!! Како да не си пукнеш од гнев?!!
Не бе, не одговара за неговите колачи!!! Сврте кон ЕУ интеграции!!!“, коментира Ванковска на Фејсбук.





