Универзитетската професорка Билјана Ванковска се приклучи на лавината реакции за вчерашното свечено отворање на автопатската делница од Демир Капија до Смоквица со жива музика во тунел.
„Село весело! У тунелу, усред мрака… Ова е, всушност, најдобра илустрација за нашите постигнувања и максимуми како држава: држава се крена, партија се разигра, музика се пушти – за цели 28 километри современ автопат, кој се градеше со години, под сенка на афери и политички надмудрувања, а автопатот води кон државата која сака да не’ нема… Ова го нема ни кај надреалистите!“, напиша професорката од скопскиот Филозофски факултет на својот профил на „Фејсбук“.





