„Можеби грешам, ама ми се чини добро забележувам дека поддржувачите на власта и на Бојкотирачите стапија во бизарен сојуз – против Сиљановска! – пишува денеска на нејзинот ФБ профил професорката Биљана Ванковска по се позасилената кампања во која не се избираат средства да се омаловажи кандидатката за претседател
„До вчера некои велеа дека ВМРО-ДПМНЕ е во таен сојуз со СДСМ, но сега триаголникот се смени: сега овие со фанатична посветеност прават се’ да извалкаат и омаловажат ЛИЧНОСТ! Личност која ниту ја познаваат, ниту им сторила зло! Удираат по научна кариера (демек, нивната била поблескава), удираат по деца (демек, нивните се подобри), удираат по години и изглед (мислиш тие се ептен згодни), удираат по морал (нарциси и егоисти), удираат по нејзината љубов за Македонија (божем тие се олицетворение на Гоце Делчев и Крсте Мисирков заедно).
Не знам за вас, ама мене ми се згадија мнозина поради ситните души, повредените ега, кусогледоста и отсуство на план, а богами и непреземање ништо повеќе од плукање по ФБ и морализирање!
За среќа, одлучува обичниот човек, а тој е помудар од интелектуалните вождови! Јас верувам во Гордана и во мојот народ“, пишува Ванковска.





