Ванковска: Во Крушево имаше повеќе „аскер“ од кога било порано

Професорката Билјана Ванковска со свое видување на според неа, зголеменото полициско присуство во Крушево на вчерашното одбележување на 120 години од Илинденското востание.



„ Крушевчани нека ви кажат ако не ми верувате: деновиве во Крушево имаше повеќе полиција (аскер!?) од кога било порано.

Дури и третманот на нас, гостите, беше индикативен: полицијата беше таму да ги чува политичарите – од народот!

Таква грубост и дрскост досега не сум видела“, напиша Ванковска на Фејсбук.