Ванковска: Веќе има купено пратеници на ДПМНЕ?!

Не сакам да вознемирувам непотребно, но од повеќе страни ми стасуваат информации дека во парламентот е веќе обезбедено двотретинско мнозинство со купување на слободата (или благосостојбата) на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, тврди професорката Билјана Ванковска во ФБ пост.



„ Ако е ова точно, тогаш мојата денешна колумна со наслов „Продадени души“ (Нова Македонија), ќе треба да има и продолженија. Она што лично ме погодува многу е што судбината на оваа држава ќе биде во рацете на луѓе како Тарчуловски (да, да, знам колку ја вознемирив јавноста кога кажав што мислам за неговото враќање со владин авион и дочек на државна сметка) и на бившите борци на УЧК – се’ „јунак“ до „јунак“ – и заедно со сите овие безкичмењаци“, пишува Ванковска во својот пост.

„ Ако и навистина се случи тоа, ќе се зборува за национално предавство со неверојатни пропорции, но тоа ќе биде и време за расчистување со овие дегенерирани политички партии кои се и одговорни и виновни за се’ што се случуваше изминатите 27 години“, заклучува таа.