Професорката Билјана Ванковска реагира на својот профил на „Фејсбук“ на потегот на британскиот Форин офис со бришењето на својот твит во кој ја обвинува Москва за случајот со труењето на поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија.
„Ма, не! Тоа го тврдеше нашето МНР и нè скара со Русија. Исто како што за лагите на Колин Пауел и Тони Блер пративме војници во Ирак! И толку сме среќни да бидеме понизни поданици – чудо едно! И име ќе смениме за таа чест!“, напиша Ванковска.





