„Уште не почнал пописот, а веќе е пропаднат. Сите нормални држави се подготвуваат за четвртиот бран на ковид-19 (пикот би бил во април) и одложуваат пописи, а овие ќе ги казнуваат со затворски казни оние кои им го пробиле никаквиот систем и ни се закануваат за евентуално одбивање попишувачи дома.
Досега имав (теориска) дилема дали сме распадната држава – сега веќе немам- пишува професорката Билјана Ванковска на Фејсбук коментирајќи ја заканата на директорот на Заводот за статистика кој се закани со тригодишни казни за секој оној ко од овде ќе се пријави дека живее во странство.
„Овде нема НИТУ ЕДНА работа што функционира! Дури и парламент не можат да одржат во функција… Мислев да им советувам на ќерките да се попишат од странство, но сега гледам дека е сето тоа бесмислено – ова не е попис, ова е етничко пребројување и одржување на коалиција која не функционира никако освен поради тендери и етнички концесии. Мислам дека ќе биде добро ако нештата се доведат до АПСУРД: нека Македонците бидат малцинство, за да си одговара на реалните односи на моќ“, пишува Ванковска.






