Професорката Билјана Ванковска со анализа за скандалот во кој не беше испеана химната со строфата во која се споменуваат Гоце Делчев и другите револуционери.
“Почнав да ја читам Блажевска (Катерина) како ја брани Тамара (Тодевска) и химната ја сведува на тричарија.
Уште полошо, има и такви кои велат реакциите биле претерани зошто (замислете!) ретко кој ги знаел стиховите наизуст!!! И тоа им е изговор!? Или се фалат дека се такви прогресивци што и химната ја надживеале како остаток на национализмот!?
Некои денес бараа причина и во тоа што уште сме ја знаеле “Хеј, Словени!”
Видете вака: јас пораснав со двете химни, кога ќе ги чујам нивните стихови кожата ми се наежува затоа што од мали нозе ме научиле дека татковината се сака. Едната е покојна, ама Македонија уште жива сакаат да ја закопаат! Македонци сме само уште во неа. Се сложувам со оние кои рекоа дека ова е се’ ама не и гаф на Тамара! Ова беше пробен балон – израз на политиката АПП (ако помине – помине). А благодарение на нашата пословична пасивност, се надеваат дека и ова ќе им помине.
Моментот кога им помина името и се што следува со него на брутално НЕПРАВЕН и ПРОТИВПРАВЕН начин, химната е само еден помалку важен елемент на инженерингот. А чуму ти е химна на бивша држава? За какви права се борат Македонците!? Дали Македонија гордо живее? Па ние и Гоце го продадовме! Накусо: ДАЛИ ЈА ЗАСЛУЖУВАМЕ ХИМНАТА? И државата која им ја дадовме на ајдуци да си играат со неа?
Се плашам дека повеќе врева се крена за Тамара отколку за смената на името и уставот”,пишува професорката позната по својата аналитичност и директност во комуникацијата.





