Ванковска: По Велигден ќе го воскреснуваат Собранието


„Ова социјалдемокративе се толкави верници што веднаш после Велигден помислија дека и „мртвото“ Собрание можат да го воскреснат ако соберат потписи БИВШИ пратеници – низ постапка каква што не постои во Уставот. Сега ќе мораат да го замолат професорот Шкариќ да не ја брани вонредната состојба, ами да ѝ даде „научен“ легитимитет на оваа будалаштина…“ реагира професорката Билјана Ванковска на денешните настани поврзани со обидите од спикерот на собранието Талат Џафери да се изнуди свикување на парламентот.



„Да можеше да се свика Собранието, тоа ќе се стореше поради исклучителните околности и заканата по здравјето на нацијата и стабилноста, а пред да ја искористат златната шанса/кокошка да владејат во вонредна состојба односно уредби со законска сила… Но, тоа не беше можно и затоа настапи Претседателот на Републиката. Сега им треба „легализација“ на дивоградбите во вид на регулатива што ја донесоа набрзина заради нешта кои немаат врска со епидемијата, а веројатно и заради брзо распишување избори (се шпекулира за јуни, ако добро разбрав). Ако им е ова целта, тоа значи дека се подготвени или да го жртвуваат здравјето на гласачите на избори среде пандемија (простете, ама не мислам дека до јуни ќе бидат работите нормализирани, дури и ако укинат и полициски час и ако носиме шалчиња) – или играат на картата на неизлезност од страв од КОВИД-19, па со блиц-криг да освојат уште еден мандат“, пишува Ванковска на Фејсбук.

https://www.facebook.com/biljana.vankovska/posts/10221581245423419?notif_id=1587578775829427&notif_t=notify_me