Професорката Билјана Ванковска со саркастичен коментар за изборите за Европски парламент од аспект на премиерот Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас.
„По европските избори, најмногу ми е жал за Заев: ќе си го изгуби другарчето ? А тамам им тргна! Селфито ќе им остане за спомен. Ах, да! И вратоврската…“, напиша Ванковска на Фејсбук.
По поразот на европските избори, Ципрас најави предвремени парламентарни избори во Грција.





