Професорката Билјана Ванковска ги коментира бурните реакции во македонската јавност по реафирмирањето на ставот на Бугарска академија на науките дека македонскиот јазик не постои, односно дека станува збор за дијалект на бугарскиот.



„Читам голема вознемиреност поради ставот на БАН дека македонскиот јазик не постои. Не знам што е тука чудно (освен ако не сте верувале во бајките на ЗЗ). Ако во нешто е конзистентна оваа власт тоа е токму во потврдувањето на тезата дека македонскиот народ не постои, дека е измислен од Тито, и сл. Она што порано го тврдеа соседите, сега стана наша официјална надворешна/соседска политика.

Сега да се вознемируваш (и тоа на ФБ) е како да се чувствуваш навреден што ти врзал шлаканица оној што веќе те силувал.

Одамна реков: не сте ни свесни дека е ова само почеток на една долга агонија на идентитетски инженеринг in vivo, без анестезија. Сваког дана, у сваком погледу…“, коментира Ванковска на Фејсбук.