Професорката Билјана Ванковска открива дека лидерката на партијата Глас за Македонија Солза Грчева најпрвин ја поддржала кандидатурата на професорката Гордана Силјановска Давкова а потоа без никакво објаснување започна оштро да ја напаѓа.
Ванковска според информацијата лично била сведок на двојната игра на Грчева.
Коментирајќи го последниот настап на Грчева професорката објаснува зошто веќе не ја почитува Грчева иако предходно ја канела на имицијативи и правела обиди да и помогне.
“Солза за мене не постои откако и’ заби нож в грб на Силјановска откако претходно и’ отиде дома со колачиња да и’ честита кандидатура (јас бев сведок). Луѓе подготвени да газат врз други луѓе за да станат политички успешни за мене не заслужуваат ни трошка респект. Толку”, пишува Ванковска која важи за една од ретките принципиелни и отворени личности во јавноста кои не калкулираат во објавување на вистината поради политички или лични интереси.




