Професорката Билјана Ванковска остро го искритикува премиерот Зоран Заев, кој на тригодишнината од кумановско Диво Насеље, каде што терористи од Косово убија осум македонски полицајци, беше со сопругата приватно кај косовскиот премиер Рамуш Харадинај.
„Наместо да оддаде почит на загинатите полицајци и на нивните зацрнети семејства, тој шири братство и единство кај воен злосторник, кој притоа ги награди парично убијците на нашите полицајци. Не, не вреди да се гине (или работи) за оваа земја, затоа што ја водат будалетинки, кои ќе ти плукнат на гробот и ќе одработуваат она што им е нарачано однадвор“, напиша Ванковска на својот профил на „Фејсбук“.





