Ванковска не им се плаши, вечерва повторно оди пред Собранието

Професорката Билјана Ванковска која вчера заедно со десетици други мирни демонстранти беше полесно повредена на протестите пред Собранието повторно ќе протестира.



“Им благодарам на сите што (не) се јавија да прашаат како сум, особено новинари со кои сум соработувала 30 години. Или уште поважно, да прашаа нешто за полициската бруталност! Нема проблем, и вечер ќе бидам таму!”, напиша професорката која вчера беше жртва на полициска бруталност.

Откако дел од навивачката група комити вчера фрлаше со бакљи и шишиња на полицијата таа при интервенцијата употребила шок бомби, гумени куршуми и солзавец при што настрадаа десетици мирни демонстранти.