„Кога сме кај народот, што да очекувате од народ кој си седеше дома кога овие исти абдали му продадоа име, јазик, устав, и кои продолжија со грабеж, корупција, непотизам, приватизирање…“ реагира професорката Билјана Ванковска на вчерашната одлука на Владата за воведување 80 часовен карантин во Скопје и десетина други општини и забрана за посета на гробишта на православниот празник Духовден.
„И пак ќе си седиме мирно додека Заев си прави тури со моторџиите другарчиња, пола партија е заболена поради терање кампања…
И пак ние сме виновни! Да, да, малку ни е ова…“, пишува Ванковска.





