Професорката Билјана Ванковска со критички осврт за освртот на Преспански договор на писателката, преведувачка и сликарка Кица Колбе за „Дојче веле“.
„Еве и друго видување на годишнината: еднострано, со розеви очила пишувано… Заборавила да каже дека е сега, година дена подоцна, наградена за нејзината кооперативност, но и дека никој не ѝ дал право да зборува за траумата од минатото на сите ‘Егејци’ (мнозина се срамат од неа и нејзината злоупотреба на траумата). Уште повеќе, никој не ѝ дал право да зборува во име на сите нас кои не сме ја имале таа семејна историја, но сега ја доживуваме во 21. век (додека таа има германско државјанство)“, порача Ванковска преку Фејсбук.





