Ванковска: Ќе изумреме, ама Северна не ја даваме ни соочени со Ковид-19!

Професорката Билајан Ванковска забележува дека здравствените власти во Македонија внимаваат да ја изговорат „Северна“ дури и среде пандемија од коронавирус.



„Го слушам со внимание пресот (или прашања и одговори, како што го нарекуваат), и се обидувам да ги перципирам како претставници на здравствени власти. Но, кога ќе го чујам она Северна, веднаш ми паѓа довербата! Толку внимаваат на политичката коректност што ме наведува на сомнеж дека е ова повеќе пи-ар шоу отколку настап на експерти. Ќе изумреме, ама Северна не ја даваме ни соочени со ковид-19!“, констатира Ванковска на Фејсбук.