Ванковска: Ќе гонат свештеник за искажан став и мислење!?

Професорката Билјана Ванковска реагира на најавениот „прогон“ против епископот Јаков Стобиски, откако Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврдила дека свештеникот „извршил дискриминација“ врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет во областа на јавното информирање и медиуми, за што побараа јавно да се извини.



Во спротивно, најавија дека Комисијата ќе поднесе барање за покренување на прекршочна постапка пред надлежен суд за прекршоци, против Стобиски.