Ванковска: ,,Глупиот Таче од Харвард” не знае што значат зборовите што ги користи

Јавноста се згрози од ниското ниво на комуникација на премиерот Ковачевски кој пред дипломатска академија во Виена зборуваше за ,,мадиња” но никој не забележа дека тој употреби уште еден погрешен збор.



На социјалните мрежи се појави видео во кое премиерот Ковачевски на предавање, на англиски јазик објаснува дека треба да се биде разумен, но и да се има, “му*а”.

Професорката Билјана Ванковска на Фејсбук го коментира ова и напиша:

,,Во реченицата за “м*дињата” глупиот Таче од Харвард го употреби зборот ratio мислејќи дека е тоа рацио/разум. Рацио е сооднос, ама глупиот не знае. Или ако знае можеби зборувал за односот на левото и десното маде.

Само некој нека ми каже дека било непристојно да се псуе (власт)! Овие се забегани простаци – такви им се и политичари и новинари и професори…

Проблемот е што сме ние полоши од овци“, вели Ванковска.