Ванковска: Дали следен чекор е да им се одземе државјанство…

Професорката Биљана Ванковска се вклучи на реакциите на фејсбук-статусот на новинарката Лупевкса која предлага ДИК да им го одземе правото на глас на Македонците воп дијаспората бидехќи вчера не гласале за нашата преттставничка Тамара Тодевска.



„Дали Лупевска мисли дека ДИК треба да има контролна функција врз личните преференци на граѓаните надвор од земјата?

Дали сакаше да им каже “гласај, стоко, за Северна Македонија се работи!”? Дали ги смета за гласачки контингент, а не за индивидуи кои ако се паметни не се ни вознемируваат за некаква Евровизија? Дали очекува да бидат горди или следен чекор ќе биде да им се одземе и државјанството?

Многу ДАЛИ за една новинарка…

Како тргнале утре и нас овде ќе не’ дисциплинираат (веќе напишав: Северна е можна само како автократска држава)“, пишува Ванковска на Фејсбук.