Ванковска: Ако имам побелена коса, не сум малоумна да не знам да се грижам за себе и другите

Професорката Билјана Ванковска со жестока реакција за одлуката на Владата лицата постари од 67 години да можат да излегуваат од дома само во периодот од 5 до 11 часот.



„Каков ејџизам промовираат на ТВ Телма! Ако нè затворат нас, постарите, тоа е затвор за половина популација… покрај другите ограничувања.

Едно е грижа, но друго е дискриминација и нетрпеливост (аман од нив, нека си седат дома!).

А зборат против стигматизација! Мојата побелена коса ме стигматизира, како потенцијален вирус. Ако имам побелена коса, не сум малоумна да не знам да се грижам за себе и другите (како мајка ми, на 88).

П.С. Сега читам дека ќе нè пуштаат во 5 часот наутро ред да фаќаме пред продавниците! Кои идиоти!“, коментира Ванковска на Фејсбук.