„Не трошете време и пари на предвремени избори, туку ангажирајте се во решавање на многуте проблеми во вашата земја. Работете да ја подобрите економијата, владеењето на правото, здравствениот систем, образованието, и не заборавајте: една изгубена битка не значи дека се е загубено,“ реагираше на Фејсбук поранешниот посредник на ЕУ во преговорите за пржинскиот договор, Питер Ванххојте по објавените резултати на вчерашниот референдум.
Тој им честиташе на граѓаните и ја повика Владата да не поднесува оставка туку да продолжи со работата и со решавањето на проблемите во земјава, затоа што, како што пишува во статусот на Фејсбук, тоа е нејзина „проклета должност“.
„Да, прифатливо решение со Грција е можно, врз основа на компромисот постигнат со Грција, и тоа се уште е на дофат, иако можеби ќе треба да се преиспита процесот и како да се финализира без одложување. Напред!, напиша Ванхојте.





