Вангеловски бара извинување од СДСМ за навреда или ќе тужи

Ниту најмалку не сум вознемирен, одговори Јово Вангеловски на соопштението на СДСМ во кое од партијата велат дека е „логична вознемиреноста на Јово Вангеловски, познат во јавноста како Јово превара“.



За оваа навреда поранешниот претседател на Врховниот суд побара извинување, а ако не го добие најави дека ќе покрене соодветна постапка, пишува Плусинфо.