Поранешниот претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата Ване Цветанов, ја напуштил земјава лани во ноември бидејќи сфатил дека ќе биде осуден на затворска казна од над осум години.
Тој за „Фокус“ открива не е во Бугарија, туку во друга европска земја каде чека азил, бил во повеќе кампови за азиланти, а сега во зграда со повеќе семејства кои користат заедничка кујна и купатило, разочаран од случувањата во земјава, започнува живот од почеток.
„Не се шпeкулации гласините дека побегнав од земјава, но вистината е дека не сум во Бугарија, туку во друга земја од ЕУ. Не смеам да кажам во која, бидејќи започнав пoстапка за азил…
Не планирам да се враќам назад никогаш, бидејќи омрзнат сум и непријатен сведок за најголемите политички партии,тврди Цветанов за „Фокус“.







