Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најосто го осудува вчерашното сквернавење на православните гробишта во село Брњарци, општина Гази Баба, при што непознати сторители оштетиле спомен плочи на повеќе гробови и предизвикале материјална штета.
Од СМК ибараат полицијата да ги открие сторителите и против нив да преземе најстроги законски мерки.
СМК смета дека постојаното сквернавење на православни гробишта во Македонија е општествен проблем на тивко етничко чистење заради внатрешна редистрибуција на населението на етничка и верска основа.
Брњарци е сосоедно село на Арачиново.










