Се уште непознати сторители вандалски ја уништија фонтаната „Печурка“ во населба Ново Лисиче која токму деновиве е во фаза на реконструкција..
„Непознати сторители ги искршиле новозалепените мозаични плочки на фонтаната и нанеле штета во висина од 33 000 денари, а случајот веднаш е пријавен в полиција“, информира општина Аеродром која го осуди вандалскиот чин и апелира до граѓаните да не ги оштетуваат јавните површини.







