Марија Бошковска Јанковски, директорка на Централен регистар во емисијата СТУДИО 10 на ТВ 24 изјави дека согласно Измените на законот, оние здруженија кои имаат несоодветни имиња ќе престанат со работа.



Бошковска Јанковска вели дека во Македонија има регистрирано 17 илјади здруженија кои се во базата на Централниот регистар, а меѓу нив се и спорните бугарски здруженија.

„Од спорните бугарски здруженија „Иван Михајлов“ нема поднесено барање за промена на името, а „Цар Борис Трети“ има допис кој е барање да се усогласи со новиот закон. Но, тој лист хартија не значи ништо оти не се наведува на кој начин ќе биде усогласувањето“ вели Бошковска Јанковски.

Според неа, Централен регистар (ЦР) одговари дека здружението треба да достави документација за да се усогласи со новиот закон.

„ Ако достават пријава, ЦР ќе ја достави документацијата до Министерството за правда“, вели Бошковска Јанковски.

Понатаму, регистацијата на секое здружение ќе оди преку комисијата во Министерството за правда која ќе одлучува дали називот е соодветен или не преку издадена согласност, додава директорката на Централен регистар.