Холандскиот експерт за Балканот, Ханс ван ден Берг, со реакција за иконографијата на „маршот за демократија“ на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.
„Македонски граѓани, протестирајќи за исходот од неодамнешните избори во Македонија, во име на политичките партии во македонскиот парламент.
Број на македонски знамиња присутни? 0.
Сепак, многу американски, безброј албански знамиња.
И некако само ВМРО и Левица се националисти?“, коментира Ван ден Берг на Твитер.
„Села изјави не толку одамна дека е горд што никогаш во целиот свој живот не го веел македонското знаме. Тоа не помага, ниту, пак, повикот на БЕСА за федерализација или повикот на ДУИ за етнички албански фронт на политичката сцена. Исто така, ДУИ одбива да има македонско знаме во канцеларија/на митинг“, додава тој во нов твит.





