Холандскиот експерт за Балканот, Ханс ван ден Берг, се чуди за какво (договорено и потпишано) пријателство меѓу Македонија и Бугарија станува збор по најновото бугарско условување на македонската евроинтеграција со откажување од македонскиот јазик и од македонското малцинство во Бугарија, како и со брзо завршување на работата на Мешовитата комисија за историски прашања.
„Веќе нашироко дискутирани/згрозени по социјалните медиуми, сега и редовните македонски медиуми посветуваат внимание на тековниот бугарски национализам/притисок/уцена. Пријателство (Договор)? Какво пријателство? ЕУ е в ред со БГ-национализмот, корупцијата и што уште не. Нема промоција на проширувањето“, коментира на Твитер директорот на БИП.





