Холандскиот експерт за Западен Балкан, Ханс ван ден Берг, ја анализира комичната случка за време на посетата на премиерот Димитар Ковачевски на скопскиот производител на сокови „Вива“, кога банерот со името на компанијата падна за време на обраќањето на министерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
„Дали е ова предзнак за кабинетот на Ковачевски, бидејќи Маричиќ прикажува розова слика, а во меѓувреме заднинската реалност на ‘Вива’, т.е. ‘живо (долго)’, се менува во Ва, т.е. оди/напушти? Наскоро ќе видиме како ќе испадне сето ова, на следните (8 мај 2024?) македонски општи избори“, коментира Ван ден Берг на Твитер.






