Експертот за Западен Балкан од Холандија, Ханс ван ден Берг, ја оценува како „хаос“ ситуацијата со реизборот на Талат Џафери за спикер на Собранието.
„Неодамна во Македонија: ДУИ/СДСМ велат дека имаат влада, за да добијат мандат од претседателот; не е вистина. Како и да е, добиваат мандат. Спикерот приговара и закажува седница, која потоа се откажува. Сега Владата е готова, се најавува дека спикерот ќе биде избран денеска со доволно поддршка. Не е точно, седницата повторно откажана. Па, како воопшто македонските граѓани, но и опозицијата, да стекнат некаков вид доверба во Владата, во политичката арена во целина и во македонските институции ако ДУИ/СДСМ си играат со пратениците, а многумина од истите моќни министри се враќаат (со истите ветувања дадени пред три години)? Хаос“, коментира Ван ден Берг.





