Холандскиот експерт за Балканот, Ханс ван ден Берг, го коментира шверцерски донесениот Закон за јавно обвинителство во Македонија.
„Упс, тие (СДСМ/ДУИ, амбасадите на ЕУ/САД итн.) го сторија тоа повторно: ги прекршија парламентарните правила и процедури, го злоупотребија европското знаменце, спроведоа политички инженеринг сè додека пратениците не подлегнат на притисокот, што резултира со уште поголема поларизација, со одлив на мозоци итн. Опозицијата и експертите игнорирани, јавната дебата заобиколена“, реагира Ван ден Берг на Твитер.
„Луѓето сега можат да гласаат навреме, но со ова (и со разни други) македонско излизгување многумина наскоро ќе гласаат ‘со своите нозе’. Владеењето на правото, без оглед на тоа дали е оценето според старата или новата методологија на ЕУ, стана шега во Скопје и во опкружувањето. Mакедонија повеќе не е модел за Западен Балкан“, твитна во продолжение Холанѓанецот.






