Холандскиот експерт за Западен Балкан, Ханс ван ден Берг, реагира за честитката за 11 Октомври од британската амбасадорка во Скопје, Рејчел Галовеј, која напиша дека „денес одбележуваме 80 години од Денот на народното востание во чест на оние кои се бореле за слобода“.
„Од над 100 честитки, оваа е далеку најнејасната. Не се споменува окупаторот против кој се бореше македонскиот народ, дури ни општа референца за борба против фашизмот. Ние мора да ја знаеме и да учиме од историјата. Да се прости, но да не се заборави кој беше на погрешната страна“, коментира Ван ден Берг под објавата на Галовеј на Твитер.






