Холандскиот експерт за Западен Балкан, Ханс ван ден Берг, го коментира јавното обраќање на германскиот канцелар Олаф Шолц до македонските граѓани, во кое сугерира да се прифати францускиот предлог, кој води кон бугаризација на Македонија.



„Олаф Шолц го меша ‘компромисот’ со стариот добар германски израз ‘диктат’, за што во суштина и станува збор во Преспанскиот договор и сега со францускиот предлог. За негова заслуга, тој предупредува дека претстојат повеќе пречки (т.е. вето/уцена/губење на идентитетот) на патот кон членството на Македонија во Европската унија“, реагира Ван ден Берг на Твитер.