Ван ден Берг: Шилегов е обратно од тоа што треба да биде нова, чиста, кредибилна и компетентна влада

Холандскиот експерт за Западен Балкан, Ханс ван ден Берг, не е одушевен од „новите“ лица во раководството на СДСМ, Стефан Богоев и посебно Петре Шилегов.



„Поранешниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев, и поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, добија место во ‘новото’ раководство на СДСМ. Посебно последниот е спротивност од тоа што треба да биде нова, ‘чиста, кредибилна и компетентна влада’. Ова нема да ги импресионира граѓаните на Македонија, главната цел на мандатарот Ковачевски“, коментира Ван ден Берг на Твитер.

„За Шилегов се шпекулира како за нов министер за транспорт, функција поврзана (во Македонија, но и пошироко во регионот на Западен Балкан) со корупција/кронизам/криминал. По страшни инциденти, во Македонија и во Бугарија, во кои загинаа многу македонски граѓани, нема транспарентност/отчетност. Како би можело ова да се подобри сега?“, прашува тој во нов твит.

„Транспарентност отсуствува и во новата Влада. Мандатарот потпишува договори за отворен Балкан, го брифира американскиот амбасадор итн., сето тоа дури и пред да добие мандат од претседателот Пендаровски, но Собранието/опозицијата се држи во темнина за разговорите Македонија – Бугарија и за сè останато. Граѓаните повторно игнорирани“, заклучува Холанѓанецот.