Ван ден Берг: Рама ја интензивира меѓуетничката поделеност во Македонија

Холандскиот експерт за Западен Балкан, Ханс ван ден Берг, го посочи албанскиот премиер Еди Рама за интензивирање на меѓуетничкиот раскол во Македонија со притисокот врз колегата Димитар Ковачевски и врз Зијадин Села од Алијанса за Албанците за прифаќање на погубниот француски предлог за македонските национални интереси.



„Наместо да им се придружи на коопозициските партии ВМРО и Левица во протестите, Села од АА се приклучува на албанско-американскиот фронт кој го притиска премиерот Ковачевски да го прифати – за Македонија многу болниот – француски/ЕУ/БГ предлог. Рама на тој начин ја интензивира меѓуетничката поделеност во Македонија и може да го разнесе Отворен Балкан“, коментира Ван ден Берг на Твитер.