Холандскиот експерт за Балканот Ханс Ван ден Берг открива дека македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи заминува на претходно ненајавена средба во седиштето на НАТО во Брисел.
Османи треба да се сретне со генералниот секретар Јенс Столтенберг иако на сите средби во Алијансата поради позицијата би требало да биде и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
„Само што добив порака од седиштето на НАТО: министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе го посети НАТО наредниот четврток, за да се состане со генералниот секретар Столтенберг. Нема можност за медиуми. Мора да е многу итно, да патувате (во време на Ковид) до Брисел повеќе или помалку на покана од ведро небо (бидејќи ова не се смета за редовна најавена посета)“, пишува Ван ден Берг како реакција на скандалот во кој министерката за одбрана Шекеринска заедно со претседателот Пендаровски во седиштето на Алијансата испратиле воени претставници кои не ги задоволуваат безбедносните протоколи на НАТО.
Алијансата цела година одбиваше да даде безбедносни сертификати за полковникот Секуловски и уште еден претставник на одбраната поради контакти со ривалски служби и држави на НАТО или поради корупција.
„Не завршува срамната приказна. И тука недостига транспарентност, вклучително и за тоа кој (покрај воениот персонал) во кабинетот на Заев добил безбедносен сертификат, а кој не (и од која причина). И покрај вообичаената доверливост, потребна е транспарентност. Граѓаните се чуваат во темница“, пишува холандскиот експерт во коментар на последното објаснување на Шекеринска за скандалот во НАТО.
Офицерот што НАТО ни го врати како “небезбеден” за Шеќеринска бил одличен (ВИДЕО)





